Почитувани љубители на гитарата,

Идејата да се организира меѓународен натпревар за класична гитара ТРЕМОЛО, датира уште од далечната 2010 година, и тој е прв од ваков вид во нашата држава. Низ сите овие години, овој натпревар ја менува својата форма, се гради и расте и прераснува во една културна манифестација која ги обединува љубителите на класичната гитара.

Денес со гордост можеме да кажеме дека Тремоло не е само натпревар, туку Тремоло е и фестивал низ кој минале и минуваат еминентни светски познати музички гитаристи, педагози, професори, натпреварувачи... Сите тие придонесоа овој фестивал и натпревар да стане препознатлив со својата уникатност и поставени критериуми.

Детскиот културен центар - Карпош, кој има долга и богата традиција во однос на организација на многубројни културни настани и манифестации, е организатор и на меѓународниот фестивал и натпревар Тремоло и заедно со Град Скопје, го засадија „дрвото“ наречено гитара, музика, инспирација...

Секое издание од овој фестивал е уникатно и неповторливо, каде преку магијата на гитарата се повеќе се инспирираат младите генерации, кои ќе бидат здрави и среќни ако се „хранат“ со музика. Со успешната реализција на фестивалот ТРЕМОЛО, Детскиот културен центар - Карпош дава голем стимул и поддршка за развивање и унапредување на овој вид на уметност во Република Северна Македонија.

Успехот, е начин на мислење и навика и тој доаѓа кога раката, срцето и мозокот работат заедно! Силно веруваме во иднината на овој фестивал кој е со долгогодишна традиција и успех!

Организациски одбор на фестивалот:
д-р Билјана Лалчевска Серафимовска – директор
м-р Дарко Багески – уметнички директор
Проф. Георги Трајов – стручен соработник за сценско музичка дејност

TREMOLO T 400x200

front DKC C W 200

Front Skopje C W 200