| ПРАВИЛНИК НА НАТПРЕВАРОТ „ТРЕМОЛО - СКОПЈЕ“ |
| Член 1. |
| Интернационалниот фестивал за класична гитара „Тремоло” се организира во соработка со институциите на град Скопје. |
| Член 2. |
| Основната цел на фестивалот е едногодишно согледување на ефектите од работата на музичките школи (учениците, студентите и музичките педагози) по инструментот – гитара. Дружење и размена на искуства на учениците и педагозите од нашата земја и странство. |
| Член 3. |
| Фестивалот и натпреварот го спроведува Организацискиот одбор и уметничкиот директор. |
| Член 4. |
| Членовите на организацискиот одбор и уметничкиот директор ги именува директорот на фестивалот. |
| Член 5. |
| Пропозициите на натпреварот ги дефинира уметничкиот директор и организацискиот одбор. |
| Член 6. |
| Право на учество на фестивалот и натпреварот имаат сите кандидати кои ги исполнуваат условите кои се дефинирани во пропозициите на натпреварот. |
| Член 7. |
| Пријавувањето на кандидатите се врши по пат на електронска пошта, пошта или факс. |
| Член 8. |
|
Обврските на организацискиот одбор се:
|
| Член 9. |
| Членот на жирито не го оценува ученикот од својата класа. |
| Член 10. |
|
Конечната оценка натпреварувачот ја добива со сметање на средните вредносни бодови кои ги даваат членовите од жирито.
|
| Член 11. |
| Одлуката за бројот на бодовите кои натпреварувачот ги добил се објавува на крајот на натпреварувачкиот ден. Со објавувањето, одлуката на жирито станува конечна. |
| Член 12. |
| Дипломите за учество на фестивалот и натпреварот ги потпишуваат членовите на жирито и се оверуваат со печат од организаторот на фестивалот. |
| Член 13. |
| Организаторот го задржува правото на снимање и пренос на програмата. Натпреварувачите се одрекуваат од правата на материјален надомест по повод евентуалните радио и ТВ снимања или продукција на аудио и видео материјал и нивна дистрибуција. |
| Член 14. |
| Натпреварувањето е јавно. Целокупната натпреварувачка програма се изведува напамет. |
| Член 15. |
| Натпреварувачите кои ќе бидат избрани да свират на завршниот концерт се должни да ја исполнат таа должност без материјален надомест. |
| Член 16. |
|
Оценувањето на натпреварувачите се темели на вреднување на следните елементи:
|
| Член 17. |
| Интернационалниот фестивал за класична гитара „Тремоло” се организира во соработка со институциите на град Скопје. |
